На протестот беа навредувани градоначалникот и службите, со изградбата на 17-катницата ќе има повеќе од 2000 работни места, реагираат од општина Карпош

од Nikola Popovski
275 прегледи

Во текот на денов се случи еден протест каде беа навредувани службите, вработените и градоначалникот на Општината. Протестот беше политички организиран и не ја изразува волјата на мнозинството граѓани. Општина Карпош продолжува да се развива. Ова е наша последна инвестиција која успеавме да ја донесеме која носи со себе вработувања, развој и комуналии кои ќе значат проекти за граѓаните на Карпош, велат од општината предводена од градоначалникот Стевче Јакимовски за денешниот протест против изградбата на 17-катницата во Карпош 2.

Посочуваат дека Јакимовски и општинската администрација овозможија да се оствари капитална инвестиција во станбена изградба во вредност од 50 милиони евра.

-Оваа инвестиција ќе ја зголеми понудата на станови во општината, ќе влијае на стабилизација на цената, и во исто време ќе обезбеди повеќе од 2.000 работни места. Во оваа седумнаесеткатница која ќе се гради во Карпош 3, ќе работат голем број на армирачи, тесари, ѕидари, лимари, бравари, плочкари, електричари, столари, фасадери, електроничари, а во деловните простори и во фирмите што ќе бидат таму сместени ќе работат преку 300 инженери економисти, трговци итн. Ваквите инвестиции влијаат на порастот на животниот стандард, обезбедуваат полна вработеност и влијаат на развојот на општината во целина. Општина Карпош како и секоја локална самоуправа во светот ќе продолжи да создава услови за нови инвестиции, а со тоа и за отворање на нови работни места. Политиката на блокада нема да не поколеба да продолжиме да се бориме со деструктивните струи и да носиме инвестиции. Општина Карпош беше лидер и ќе ја вратиме да биде “Општина лидер” по инвестици во Скопје, Македонија па и регионот, стои во соопштението на општина Карпош како реакција на денешниот протест.

Слични содржини