179
Најмалку 63 лица се уапсени за време на протестите против предлог-законот за „странски агенти“ во Тбилиси, а шест полицајци се повредени во судирите, соопшти грузиското Министерство за внатрешни работи.
Грузиските безбедносни сили употребија водени топови, солзавец и шок-бомби за да ги растераат демонстрантите пред парламентот во текот на ноќта.
Ројтерс јавува дека лидерот на најголемата опозициска партија Обединето национално движење, Леван Кахеишвили, бил претепан за време на протестот и добил лекарска помош.