187
На железничка пруга во скопската населба Хиподром било пронајдено тело без знаци на живот на машко лице, кое најверојатно било удрено од воз.
Како што соопшти МВР, случајот вчера околу 14 часот бил пријавен во СВР Скопје.
Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а за случајот е известен Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција.
Увид извршиле и екипи од СВР Скопје и од „Железници на РСМ“.