268
Возило кое „летало“ со 198 километри на час на еден од автопатите низ земјава е едно од трите возила кои во последното деноноќие се движеле со над 70 км повеќе од дозволеното, регистрирало Министерството за внатрешни работи (МВР).
Во текот на вчерашниот ден (29.11.2022) МВР спровела засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 195 возачи.
Од нив четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното.
Притоа 126 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 69 надвор од населено место.