На Робен му е преку глава од шефовите на Баерн

од Vladimir Zorba
235 прегледи

Крилото на Баерн Минхен, Ариен Робен почнува да го губи трпението покрај сагата со неговиот договор, кој завршува кон крајот на сезоната. Ветеранот очекува да биде поканет од страна на раководството за преговори.

„За жал одлуката за продолжување на договорот се уште не е донесена и јас почнувам да станувам малку нестрплив“, коментира Холанѓанецот пред Bayerischen Rundfunk.

„Самиот јас уште не сум решил дали да останам, дури да ми понудат нов договор. Се уште не сум донел конечна одлука. Засега не сум запознаен со сите опции и не можам да кажам ништо конкретно. Не ја исклучувам можноста да ја прекинам кариерата. Тоа е најтешко – доаѓате до одредена возраст и знаете дека крајот е близу“.

„Секогаш е тешко да го лоцираш моментот. Треба да се довериш на чувствата, да одлучиш во моментот. Но сега треба да се фокусирам на натпреварите до крајот на сезоната, а не што ќе правам следната сезона“, додаде 34-годишниот Ариен.

Како што е познато, пред неколку дена извршниот директор на Баерн Карл-Хајнц Румениге изјави дека разговорите со Робен и Франк Рибери се планирани за следниот месец.

Слични содржини