284
Руската влада објави дека на економијата и недостасуваат 600.000 работници, по минатогодишната масовна мобилизација и заминувањето на речиси милион Руси во странство, пренесе „Ал Џезира“.
Минатата година за војната во Украина беа мобилизирани 300.000 луѓе, додека речиси милион Руси ја напуштија земјата за да не завршат на бојното поле.
Официјалните лица велат дека на пазарот на трудот му требаат најмалку 600.000 работници.