167
Започна поставувањето на контејнери за гласање во четири општини на северот на Косово.
Во контејнерите, чие поставување почна во средата, ќе има гласачки центри за вонредни локални избори во четири општини на северот на Косово, како што претходно најави Централната изборна комисија од Приштина, а се очекува и бирачките места исто така да бидат импровизирани објекти и во мултиетнички населби, кои ќе ги обезбедуваат силите на косовската полиција.
На 23 април ќе се одржат избори за градоначалници во општините Северна Митровица, Зубин Поток, Звечан и Лепосавиќ, како и за советници во Лепосавиќ и Звечан.