На шопинг и кафе со КОВИД сертификат!

од Берта Китинска
347 прегледи

„За сите угостителски објекти и за организација на сите настани, едукации, културни случувања, без разлика дали имаат под 30 или над 30 гости, задолжително е да се приложи ковид сертификат“, вели министерот за здравство Венко Филипче.

Без сертификат не може да се влезе во молови, обложувалници и казина, а од понеделникот, сертификат за вакцинација со најмалку една доза и сертификат за прележан ковид-19 не постар од 45 дена се бара и за влез во угостителските објекти.Оваа мерка задолжително се применува и за организација, работа и присуство и на секаков вид на настан на отворен простор, каде има повеќе луѓе.

„Единствена разлика е во тоа што, ако има над 30 гости, објектот треба да има редарска служба која ќе ги проверува сертификатите. За тоа кој ќе биде редар, тоа е веќе техничко прашање во надлежност на угостителите и трговските центри. Контрола ќе вршат инспектори од Државниот пазарен инспекторат“, рече Филипче.

Слични содржини