Утрово во 7.55 на скопскиот аеродром треба да пристигне првата пратка од вакцините на АстраЗенека сео 24.000 дози. Таа се очекува да ја пречекаат министерот за здравство, Венко Филипче и делегација во која ќе бидат членови на дипломатскиот кор во РСМ, преставници на СЗО, УНИЦЕФ и регионалната канцеларија на ОН.
Ова е прва пратка од КОВАКС механизмот за Македонија.
-Стигнуваат првите вакцини од Ковакс механизмот и сега сме ние целосно посветени системот практично добро да профункционира. Целокупниот процес на имунизација да се спроведе брзо и ефикасно за што веќе има направено план. Први ќе бидат повикани оние критични групи на граѓани согласно Националната стратегија во Здравствените домови, а понатаму имаме место во салата Борис Трајковски за масовна имунизација – изјави вчера Филипче во гостувањето на дневникот на ТВ Сител.
Поголеми количини вакцини во април освен преку Ковакс механизмот, во Македонија ќе пристигнат и вакцини преку системот на солидарност од ЕУ, рече министерот и диодаде дека се очекува да стигне одредена колина вакцини што ја најави Бугарија, како и вакцини од кинескиот производител Синофарм.
-До 15 април ќе пристигнат близу 20.000 вакцини најавени од Европската Унија преку системот на солидарност, има најава и за одредена количина од Бугарија, кинеските вакцини исто така, така да верувам дека тоа ќе биде еден систем којшто навистина брзо ќе започне со работа, нагласи тој.
За идната недела можеби ќе пристигнат 5.000 дози од Бугарија, откако вчера премиерот на нашиот источен сосед Бојко Борисов истакна дека ќе предложи донација од вакцини за нашата земја.
Филипче уверува дека квалитетот на сите вакцини е докажан и нема никакви контраиндикации, можат да се вакцинираат сите групи граѓани. Задоволителна бројка на имунизирани се очекува средината на јуни, но превентивните мерки, најверојатно ќе бидат уште долго време присутни.