На скопскиот аеродром приведен Пакистанец, прилложил привремен престој од друго лице

од Vladimir Zorba
191 прегледи

На граничниот премин „Меѓународен аеродром“-Скопје синоќа во 20.00 часот од полициски службеници е лишен од слобода А.Ј.(22) од Пакистан.

Како што информираа денеска од МВР, по извршената пасошка контрола и проверка во службената евиденција од полициските службеници било констатирано дека тој за влез во државата приложил кипарски привремен престој од друго лице.

– А.Ј. е предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал и миграции –Скопје за понатамошна постапка, појаснуваат од МВР.

Слични содржини