На скопскиот аеродром запленети над 43 килограми златен накит

од Nikola Popovski
147 прегледи

Царински службеници синоќа на Меѓународниот аеродром „Скопје“ открија и запленија над 43 килограми златен накит, информира денеска директорката на Царинската управа, Славица Кутиров. Ова, како што потенцираше таа, е рекордна заплена на златен накит, кој се проценува на вредност од околу 2,3 милиони евра.

– По претходни сознанија и основан сомнеж, лице со српска патна исправа кое пристигнало со редовниот вечерен лет од Истанбул, е упатено на детален претрес и преглед на багажот. Притоа, во неговиот куфер и рачниот багаж е откриен разновиден златен накит пакуван во најлонски кеси, меѓу кои и накит од бело злато, до дијаманти со приложени сертификати. Лицето претходно се упатило на зелен канал и не ја пријавило стоката, информираше Кутиров.

Како што рече, лицето и накитот се привремено задржани и во моментов се спроведува истрагата. Во истрагата се вклучени и Секторот за контроли и истраги и Секторот за професионална одговорност на Царинската управа.

Директорката на Царинската управа рече дека за овој случај веднаш е известен дежурниот јавен обвинител, заради спроведување на понатамошни истражни дејствија.

Слични содржини