443
На Фејсбук и Твитер се шири лажна фотографија од полициска управа од времето на бугарската окупација, сподели новинарот Звездан Георгиевски.
„Ги замолувам сите што ја објавиле да си ја избришат, бидејќи со вакви фејкови го прават спротивното од она што им е намера, односно прават (по)голема штета. Ќе го забележите еркондишнот на оригиналната фотка (мислам дека е од снимнање на некој филм, на пример „Трето полувреме“). Некој ја кропирал, ама и на кропираната се гледа дел од еркондишнот, башка чудните детали, како она чунчето среде врата“, сподели Георгиевски.