На социјалните мрежи се шири ВИДЕО од местото на сообраќајната несреќа на Зеленски

од Stefanija Kuzmanovska
225 прегледи

Автомобилот на украинскиот претседател Владимир Зеленски бил удрен од приватно возило додека бил на пат кон Киев. Неговиот портпарол Серхи Никифоров изјави дека тој не е тешко повреден, но дека несреќата ќе се истражува.

На социјалните мрежи почна да се шири видео од местото на несреќата.

„Лекарите кои го придружувале Зеленски на возачот на приватниот автомобил му укажале итна помош и го сместиле во амбулантата“, рече тој.

Несреќата се случи по враќањето на Зеленски од областа која во последните неколку дена ја ослободија украинските војници во контраофанзива. Во контраофанзивата беше ослободен значителен дел од територијата окупирана од Русија.

Слични содржини