576
Како што соопшти Струшката полиција, маж починал во болница откако прво му се слошило во казино.
На 03.02.2024 година во 16.24 часот во ОВР Струга е пријавено дека во казино во Струга, на М.К.(45) од струшкото село Радолишта му се слошило и паднал, по што бил пренесен во Општата болница во Струга каде починал.
-По наредба на јавен обвинител врз починатиот ќе биде извршена обдукција, велат од МВР.