На Табановце се чека до 40 минути за излез

од Nikola Popovski
190 прегледи

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информираа денеска од АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Од таму додаваат дека на граничниот премин Табановце за излез се чека околу 30-40 минути, а на останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Слични содржини