226
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози со зголемен интензитет на патните правци надвор од градските средини.
На граничниот премин „Табановце“ времето на чекање за влез и излез од државата е околу 40 до 60 минути, а на „Богородица“ околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.