На Табановце се чека повеќе од час за излез од земјава

од Vladimir Zorba

Од АМСМ соопштија дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Тие додаваат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце, времето на чекање за излез од државата е повеќе од 1 час.

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Слични содржини