На ТОАРИЛУЦ: Оперирано 17 годишно момче со тумор на десната подлактица

од Берта Китинска
275 прегледи

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за ортопедија при ТОАРИЛУЦ беше оперирано 17 годишно момче со тумор на десната подлактица.

-Тимот хирурзи под раководство на проф д-р Милан Самарџиски го отстрани во целост туморот од долниот крај на радиусот и го замени со коска од починат донор. Оваа е прва операција од ваков тип на Клиниката за ортопедија и во земјава. Со вклучување на Клиниката за ортопедски болести во Програмата за трансплантација на органи и ткива, се отворија нови можности за третман на пациенти со трауматски повреди, тумори и други дијагнози кои овозможуваат преку оперативен третман заболеното и оштетено коскено ткиво да се замени со ткиво од починат донор и со тоа да се спаси животот на голем број пациенти, Информираат од МЗ.

Слични содржини