217
Судијата на државата Њујорк денеска го отфрли барањето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп да ги отфрли обвиненијата покренати од окружниот обвинител на Менхетен во истрагата за прикривање на плаќањата кон поранешната порно ѕвезда Сторми Даниелс.
Меркан закажа Трамп да се појави на судењето на 25 март во Њујорк, јави Си-Ен-Ен. Минатиот март, големата порота го обвини Трамп по 34 точки од обвинението за фалсификување деловни книги за да изврши или прикрие друго кривично дело.