На трошок на државата ги враќаат туристите: Дневно 70 вонредни летови

од desk2
248 прегледи

Британското цивилно воздухопловство соопшти дека за денес се предвидени 70 вонредни летови кои во земјата ќе вратат 16.500 туристи.

Воведени се секојдневни вонредни летови, откако најстарата светска туристичка компанија Thomas Cook прогласи банкрот.

Агенцијата во понеделникот наутро прогласи банкрот по неуспешните преговори со доверителите, оставајќи незгрижени повеќе од 600.000 туристи кои имаат резервирано одмори или веќе се на годишен одмор во различни земји низ целиот свет со аранжмани на оваа компанија, објави Reuters.

Поради пропаѓањето на оваа туристичка компанија, стара 178 години, над стотици илјади патници се заглавени на дестинации ширум светот, нејзините “ќерки-фирми” во други земји бараат помош, а хотелиерите во многу дестинации се загрижени за можниот намален број на туристи.

Вчера во Велика Британија се вратија околу 14.700 туристи, а уште околу 135.300 британци би требало да се вратат во земјата во наредните 13 дена.