„На трпението му дојде крајот“: Протест на синдикатот на УКИМ

од Берта Китинска
324 прегледи

Сојузот на синдикати на Универзитетот „СВ. Кирил и Методиј’, денеска со предупредувачки протест пред ректоратот го изразија незадоволство зашто не им се зголемени платите и не е потпишан колективниот договор.

Претседателот на Сојузот професорот на Правниот факултет Ангел Ристов на протестот изјави дека најавеното покачување на платите со ребалансот на буџетот е минимално и дека уште пред да се случи инфлацијата „веќе го изеде“.

„ Но, на трпението му дојде крајот. Мора да се избориме за нашите права и за достоинствени плати. Владата се обидува со минимални покачувања најавени за нашите плати да ги задоволи барањата на нашата академска заедница и ненаставниот кадар. Тие покачувања веќе одамна инфлацијата неколку пати ги изеде. Денеска се покачи минималната плата, расте просечната плата, дека се зголемија платите на лекарите, на судиите, на обвинителите, на државните правобранители, и на голем број други професии во државата. Само ние вработените од УКИМ останавме заборавени“, посочи тој.

Слични содржини