На владина седница ќе се разгледува безбедносната ситуација во и околу Украина

од Берта Китинска
140 прегледи

Владата на Република Северна Македонија, денеска, 22.2.2022 (вторник) ќе ја одржи редовната 16-та седница, на која согласно своите надлежности ќе разгледува повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

Според предложениот дневен ред, меѓу другото, на денешната седница ќе се разгледува Информацијата за организирање на втората меѓународна конференција Преспа форум за дијалог, како и Информацијата за безбедносната ситуација во и околу Украина и за потребните мерки за осигурување на безбедноста на членовите од Република Северна Македонија во Специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ во Украина.