На ВМРО-ДПМНЕ и некои поединци од СДСМ им смета еднаквоста на Албанците, тврди Османи

од Nikola Popovski
236 прегледи

Шефот на македонската дипломатија и потпретседател на ДУИ, Бујар Османи најави дека неговата партија ќе се повлече и нема да ги претставува Албанците во Владата, ако изгуби на изборите и со само еден глас разлика. Според него, албанските граѓани се тие кои одлучуваат која политичка партија да ги претставува.

-Албанците во никој случај не можат да бидат претставени во Владата освен од тоа што ја одразува волјата на граѓаните, рече Османи во емисијата „Клик плус“.

Според Османи, ВМРО-ДПМНЕ и некои поединци од СДСМ кои не се осмелуваат тоа отворено да го кажат, сметаат дека Албанците им го земаат монополот. Вели дека им сметаат еднаквоста на Албанците во Македонија.

-Секогаш ќе кажам, дури и во СДСМ има такви на кои што им смета рамноправноста на Албанците, но не го кажуваат тоа, бидејќи не е точно да се каже дека Албанците ни го одземаат монополот, но велат дека ДУИ прави корупција. Не не! Албанците го кршат економскиот монопол, истакнал потпретседателот на ДУИ.

Тој вели дека разликата доаѓа од тоа што ДУИ го предводи европскиот фронт, а ВМРО-ДПМНЕ антиевропскиот фронт.

Слични содржини