Илија Илиев од ДРОМ и Красимир Каракачаканов од ВМРО-БНД се скараа за Циганите во етерот на TV7. “Кога една девојка ќе роди на 13 години, оној кој направил детето треба да оди во затвор. Што нејасно има во тоа. Доста со тоа дека тоа било традиција. Се продаваат ли невести – се продаваат. Не сме робовладели, како да се справиме со тоа “, се налути Каракачанов.
![]()
Илија Илиев од ДРОМ апострофира дека со измените кои ги подготвува социјалниот министер Калфин, тој го крши уставот. “Со активностите кои ги презема Кафхин, тој ограничува права”, рече Илиев, а посочи на предлогот во делот – помошта за деца да се даваат во натура, а не како пари.
“Едни работат и плаќаат даноци, а други само се репродуцираат. Овие луѓе знаат дека имаат права, но кога станува збор за обврски тоа не важи. Е нема да така. “, додаде Каракачанов.
Илиев рече конечно, дека тој сака да има училишта во гетата, бидејќи малолетниците мајки немаат можност да одат на училиште во центарот.
Каракачанов е бугарски националист кој никогаш Македонците не ги сметал за ништо друго,освен за Бугари.