На Запад не чинело, тука чинело!?- за Поповски маркетинг била платата од 3000 евра за професионалците на Запад…

од desk3
108 прегледи

Во Македонија секојдневно се отвараат 500 или 600 работни места, а тоа дека во странство, професионалците заработувале по 3000 евра, е само добар маркетинг – вака директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски ги убедуваше младите да не заминуваат во странство, на дебатата „Актуелните предизвици на процесот на иселување на високообразувани млади луѓе“, што ја организираше новоформираната невладина „Центар за европски иницијативи“-пренесе А1он.


– Секојднево во РМ се отвораат отприлика 500 до 600 работни места, еве вчера се отворени првите работни позиции во „Џонсон контрол“ во Штип, каде се бараат многу експерти, рече Поповски

Толку многу работни места се отварале што Агенцијата не ќе може да обезбеди доволно луѓе

– Јас вчера разговарав со нив, ние не ќе можеме да обезбедиме доволно лица во Република Македонија, додава Поповски.

Повеќе ТУКА