Американската актерка Зендаја имаше непријатен момент во Рим во саботата, бидејќи била одбиена да влезе во луксузен ресторан поради нивниот строг кодекс на облекување.
26-годишната ѕвезда носеше карго панталони и црн топ без прерамки, а изгледот го искомбинираше со дизајнерска чанта и брог чевли. Таа се обиде да вечера во Terrazza Boromini во Рим, што бара малку поотмен секојдневен стил за гостите.
zendaya in rome looking flawless as always pic.twitter.com/ZyJ8fftnFf
— archive zendaya (@archivedaya) June 12, 2023
Сепак, ѕвездата беше одбиена иако имаше резервација, поради тоа како таа и нејзината пријателка биле облечени, а таа не изгледаше импресионирана за време на интеракцијата со вработените во ресторанот, пишува „Дејли Меил“.
По инцидентот, актерката завршила на вечера во блиската пицерија.
Во меѓувреме, нејзиното момче Том Холанд (27) беше виден во Њујорк со Ф1 возачот Луис Хамилтон (38).