На жените им се забранува да работат: Странски хуманитарни организации ја прекинуваат работата во Авганистан

од Stefanija Kuzmanovska
205 прегледи

Пет водечки невладини организации ги прекинаа активностите во Авганистан откако владата на талибанците им забрани на жените да доаѓаат на работа и да работат за нив.

Care International, Норвешкиот совет за бегалци (NRC) и Save the Children наведоа дека не можат да ја продолжат својата работа „без нашиот женски персонал“, пренесува Би-Би-Си.

Нов декрет

Меѓународниот комитет за спасување (IRC), исто така, ги суспендираше услугите, додека Islamic Relief соопшти дека ги запира повеќето од своите операции. Талибанците во Авганистан постојано ги потиснуваат правата на жените.

Последниот декрет за невладините организации дојде само неколку дена откако талибанците им забранија на жените да посетуваат универзитети.

Кодекс на облекување

Абдел Рахман Хабиб, портпарол на талибанското министерство за економија, ги обвини работничките на странските хуманитарни организации дека го прекршуваат кодексот на облекување со тоа што не носат хиџаб.

Талибанците се заканија дека ќе ја одземат лиценцата на секоја организација што не ја почитува забраната.

Оттогаш се појавија бројни хуманитарни групи кои бараат на жените да им се дозволи да продолжат да работат за нив.

Слични содржини