Набргу ќе дознаеме колку точно е популистичка Велика Британија

од Vladimir Zorba
79 прегледи

 

 

 

Девет месеци по драматичниот референдум, Велика Британија конечно поднесе барање за започнување преговори за излегување од Европската унија.

За тоа време се сменија многу нешта. При гласањето во јуни, сплотеноста на Западот изгледаше под закана. Велика Британија изгледаше погодена од политичка нестабилност, а економијата изгледаше дека е под закана од потресот како оној со Леман брадерс.

За разлика од тогаш, денес Велика Британија е толку разбранувана, што се уште ги разгледува предлозите за нејзините телекомуникациски договори со Светската трговска организација. Падот на интересот не смее да се меша со трајното избегнување од опасноста од популизам

САД се раководени од ексцентричен „кловн“, кој најверојатно е повеќе популист во стилот отколку во последиците од неговите дејствувања, но Велика Британија доживува токму нешто обратно. Безизразната премиерка Тереза Меј е серизона, методична и претпазлива и без вообразба: таа е сосема спротивното од Трамп.

Всушност, мандатот од референдумот потврден на буквален начин на кој го толкува таа, е популизам во концентрирана форма. Велика Британија ќе си ја поврати контролата над своите граници со цел веројатно да наметне ограничувања за странците. Таа во голема мера ќе ја отфрли власта на Судот на ЕУ, иако извесна форма на уредување на прекуграничниите спорови се неизбежна карактеристика на еден взаемно зависен свет. Не знаеме дали ќе го напушти единствениот европски пазар, кој е еден од најцврстите и најуспешните експерименти во глобализацијата.

Ако факторот на шок опадна по референдумот од минатото лето, тоа е делумно затоа што Меј го замаскира радикалниот правец на Велика Британија со својот приспивен стил. Кога Германија испрати сигнал за сличен чекор во претстојните преговори за Брегзит или кога европратеници го обвинуваат кампот на приврзениците на Брегзит за лага, Меј или нејзините најблиски соработници не одговараат со збунетост.

Мишел Барние, кој е одговорен за преговорите на ЕУ за Брегзит, неодамна стигна до таму што и се закани на Велика Британија со хаос во авиосообраќајот и на пристаништата, и привремено запирање на доставата на нуклеарен материјал. Кабинетот на премиерката и тогаш не изреагира.

Во кампањата минатата година поддржувачите на Брегзитот ветија дека ќе бидат заштедени милиони од парите кои се даваа за буџетот на ЕУ. ЕУ го искористи тоа и неодамна од Велика Британија побара да се согласи да плати сериозна „сметка за напуштањето“, пред да започнат другите преговори.

Сметката може да влијае врз буџетските планови на ЕУ со кои Велика Британија претходно беше обврзана, плус ветувањата за пензии за чиновниците во ЕУ; сумата останува неизвесна, но најчесто посочуваната приближна процена е околу 60 милијарди долари – речиси онолку колку што Велика Британија годишно троши на одбраната.

Дуру таа извонредно висока цена не ја попречува премиерката која спокојно тргна кон активирање на членот 50 минатата недела.

Напуштањето на ЕУ по повеќе од четири децении вклучува мачни преговарања. Но, наместо да се занимава со нив, Владата на Меј тресе смирувачки глупости.

Како ќе функционира британската економија без милиони работници од ЕУ? Министерот за Брегзит, Дејвид Дејвис, минатата недела објасни дека „одвреме навреме ќе имаме потреба од повеќе, одвреме навреме ќе имаме потреба од помалку мигранти“, и додаде дека „имате индустрија зависна од мигранти. Имате структури за општствено помагање. Националната здравствена служба гарантира дека ќе продолжи со работа“.

Но, ако Велика Британија навистина сака да остане отворена, зошто да се го жртвува членството на единствениот пазар на олтарот на граничната контрола?

Истиот хаос важи за длабоките прашања кои се однесуваат на внатрешната сплотеност на Велика Британија. Владата на Меј истовремено ветува непоколебливо цврста граница со Европа и пријателски мека граница меѓу Северна Ирска и Република Ирска, што е исто како да се огради со ѕид Мексико и истовремено да изградиш комфорни тунели меѓу Сиудад Хуарез и Ел Пасо.

Во меѓувреме, Меј ги замолчува гласните барања на Шкотланѓаните за нов референдум за независност. Но Шкотланѓаните, кои гласаа за останување во ЕУ; нема да се помират со Брегзит, ако не им биде дозволено да се произнесат дали тој важи и за нив.

Тактиката на Меј да зборува монотоно е потпомогната од неколку среќни моменти. Изнендувачкото опоравување на светската економија ја преикрива економската цена за Брегзитот; во моментов британската индустрија има корист од паѓањето на курсот на фунтата по референдумот, но се уште не ја платила цената за загубата од пристапот до единствениот пазар.

Изборот на претседателот Трамп дава поголем повод за аларм меѓу геостратезите: ако сплотеноста на Западот навистина се распаѓа, главниот виновник за тоа е во Вашингтон. Освен тоа, Меј е во исклучителна позиција да нема еден внатрешен противник. Лабуристичката партија е под раководство на срамежливиот неомарксист Џереми Корбин.

Но, со започнувањето на преговорите за Брегзит неделава Меј ќе се соочи со потешки моменти. Преговорите кои може да бидат истуркани нстрана со аргумент дека се прашање на идните преговори, поочигкедно ќе паднат во центарот на вниманието.

Глупавото перчење на приврзениците на Брегзитот, кои ги уверија избирачите дека преговорите со другите 27 земји членки ќе бидат лесен предизвик, непрестајно ќе бидат подложени на докажување пред јавноста. Британските компании кои во изминатите девет месеци спроведуваат претходно договорени инвестициски ангажмани, ќе ги замрзнат своите планови за нов раст. Се наближува моментот на вистината за британскиот популизам.