Началникот на белградската полиција: Момчето имало список на цели кои сакало да ги убие

од Stefanija Kuzmanovska
366 прегледи

Веселин Милиќ, началник на Полициската управа за Белград, изјави дека уапсеното момче К.К. нападот го планиралo еден месец и дека го користел пиштолот кој го зел на татко му, како и дека со себе имал четири молотови коктели.

Тој рече дека напаѓачот го планирал нападот еден месец, а со себе имал список со децата кои сакал да ги убие, како и планови на училниците.

Милиќ рече дека го избрал денешниот ден бидејќи училницата по историја е најблиску до влезот и дека денес неговиот клас за прв час имал историја.

Тој рече дека К.К. на влезот во училиштето пукал во обезбедувањето и двете девојчиња кои биле на влезот. Потоа влегол во училницата по историја, и ги застрелал наставничката и децата. Милиќ додаде дека К.К. после тоа излегол во дворот и повикал полиција.

Веднаш по пристигнувањето во училиштето, рече Милиќ, полицијата го уапсила момчето и го пронашла оружјето.

Слични содржини