122
Началникот на Генералштабот на Армијата на САД, Марк Мили, оцени дека е малку веројатно Украина оваа година да ги протера сите руски сили од својата територија.
„Мислам дека тоа нема да биде направено во блиска иднина оваа година“, рече Мили во интервју за „Defense One“.
Потсетувајќи дека претседателот на Украина, Володимир Зеленски, многупати изјавил дека целта на Украина е да ги протера сите руски сили од Украина, Мили посочи дека тоа е „многу, многу тешка воена задача“.