Национален парк „Маврово“ за протестот на жители на регионот на Горна Река: Не се спроведува деградација и еколошка катастрофа на просторот на Паркот

од Vladimir Zorba
316 прегледи

Управата на Јавната Установа Национален Парк Маврово – Маврови Анови поврзано со јавно изразениот револт на ден 08.06.2023 година, во периодот од 10,00 – 10,30 часот на Регионалниот пат Гостивар – Дебар од страна на здружението за рурален развој „ Преродба на Горна Река “ и во име на жителите на Горна река за наводна еколошка катастрофа што се случува на подрачјето на Паркот, сметаме дека е потребно да е споделиме вистината за реалната состојбата на терен и оваа информација во јавноста за ваквите неосновани и неиздржани квалификации да е потврдиме уште еднаш со аргументи и документи.

Затоа , Управата на Паркот уште еднаш повторува дека сите активности од областа на шумарството произлегуваат од Законот за шуми, и од планските документи – Посебен план за одгледување и заштита на шумите во заштитеното подрачје за Шумско – Просторната Единица Кораб со Важност 2023 – 2032 година одобрен од Министеството за земјоделие , шумарство и водостопанство на РСМ Сектор за шумарство , ловство заведен со деловен Бр. 15/110/2 од 03.02.2023 година , Изведбен План за годишни активности во Оддел 15 „а“ со деловен бр. 15-1083/1 од 30.12.2022 година од Планскиот документ за ШПЕ Кораб кој што се совпајѓа со локацијата која што е предмет на активности и на крајот извршен Инспекциски надзор од страна на МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛИЕ ,ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО ДРЖАВЕН ИНСПЕКТОРАТ ПО ШУМАРСТВО И ЛОВСТВО РО-II ГОСТИВАР од надлежниот Инспектор инж. Антонио Божиновски после теренскиот увид составен е Записник со деловен Бр. 08-74 од 08.05.2023 година, а прифатен во Управата со деловен Бр. 03-575/1 од 08.05.2023 година

За спроведување на овие активности, управата на паркот ја користи постоечката инфраструктура, а гради и нови патишта се разбира сите планирани во наведените плански документи погоре, користењето на патиштата подразбира и нивно тековно одржување во текот на годината за што постои и соодветна документација Завршна Ситуација како трошок во текот на годината за Одржување на патиштата.

Во планираните активности после извршена интервенција во шума, задолжително се спроведува мерката подсејување со Елово семе, мерка која што е задолжителна, а исто така и видлива на терен како успешно спроведена во Одделите каде што се извршени одгледувачките мерки предходно.

Голем дел од површината под шума во областа Мелник е видоизменета во позитивна насока во однос на структурата, квалитетот и прирастот на дрвна маса и постигнати се пропишаните стручни мерки со селективна прореда.

Површината под шума во Шумско – Просторната Единица „ Кораб “ според извршениот премер во 2022 година е зголемена за последниве десет години 183,00 хектари , а во однос на дрвната резерва имаме зголемување за 176.946,00 м3 или 20,20 %, напротив воопшто не станува збор за деградација и уништување на шумите, туку доследно спроведување на планираните одгледувачки мерки.

Во врска со квалификациите дегрдација и еколошки масакар, е известуваме јавноста дека според последните мерења од страна на стручни и овластени Професори на катедрата за Уредување на шумите при Шумарскиот Факултет – Скопје, потврдено е дека во последниот дест годишен период предмет на анализа искоритено е 37 % од предвидениот етат , што покажува дека воопшто не станува збор за масакар и неплански сечи и деградација, што покажува дека и она што ни било дадено како можност не е искористено 63 % од дрвната маса.

Повеќе од седумдесетгодишната грижа и спроведени мерки на заштита, во 2019 година по доставената апликација до УНЕСКО за подрачјето Длабока Река како највисоко ниво на вредности и заштита, ова подрачје го доби статусот на заштита од УНЕСКО исполнувајќи ги сите највисоки нивоа на заштита и вредности, што покажува дека не се спроведува деградација и еколошка катастрофа на просторот на Паркот токму спротивното се штитат и создаваат подрачја со голема вредност.

Управата на Паркот како и досега ќе продолжи да работи според Закон, доследно спроведувајѓи ги мерките за заштита и одгледувае на просторот, транспарентно, отчетно и секогаш подготвена за соработка со сите засегнати страни и грајѓани, последен доказ за тоа е формираниот совет на засегнати страни и номинираните членови во ова тело, а посебно ќе нагласиме и членови во ова тело се и преставници од ова здружение.

На крајот Управата на Паркот е подготвена како и досега во име на соработката и решавање на тековните проблеми во наведениот регион кои се реално евидентирани од двете страни, предлагаме средба на 13.06.2023 година во 12,00 часот со преставници од Здруженито „Преродба на Горна Река“ во Управата на Паркот или да предложат термин за средба во текот на наредната работна недела, се вели во реакцијата.

Слични содржини