Национализмот е само дел од формата на патриотизмот, му порача Димитриевски на Битиќи

од Nikola Popovski
257 прегледи

Сакам да истакнам дека доаѓаат одредени обвинувања од поединци коишто во суштина не прават разлика помеѓу поимите национализам, шовинизам и патриотизам. Сакам да испратам порака до истите, бидејќи се наоѓаат на високи државни функции ги разбирам за соодветното непознавање на поимите, но воедно им порачувам првенствено да излезат на избори, да добијат поддршка од граѓаните, а потоа да прифаќаат обврска да носат високи државни функции и да внимаваат како етикетираат поединци во општеството коишто добиле поддршка од граѓаните, особено во мултиетнички средини, реагираше градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во врска со изјавата на заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи за најавите за формирање политичко движење од страна на граѓанското здружение „За наше Куманово“.

Димитриевски жалам за, како што вели, ваквите погрешни изјави и верува дека во иднина ќе се коригираат.

-Според мене, недозволиво е да се обвинува градоначалник на една мултикултурна општина којшто добил поддршка од мнозинството граѓани и притоа истите припаѓаат на различни етнички заедници, иницијатива којашто е формирана како граѓанско движење во Куманово којашто ја потпишале граѓани од различен етнички карактер и да се импутира дека истите се националисти. Национализмот е само дел од формата на патриотизмот. Сметам дека по завршување на следните парламентарни избори, доколку истите од позиција на опозиција останат во политичките субјекти кадешто се во моментот носители на високи политички функции можеби тогаш ќе ги разберат пораките коишто ги испраќа. На Македонија и е потребно единство, национално, мултикултурно единство, за надминување на сите понатамошни предизвици коишто не очекуваат, посочува Димитриевски.

Претходно Битиќи нагласи дека граѓанско движење и национализам не одат заедно и дека македонското општество е и мултикултурно, и мултиетничко и граѓанско.

-Максим Димитриевски доцни најмалку 22 години. Македонското општество е и мултикултурно, и мултиетничко и граѓанско. Некој од неговите ментори и советници треба да му објасни дека граѓанско движење и национализам не одат заедно. Национализамот не е граѓански, туку режимски. Граѓанство или национализам? Тоа е одлуката што треба да си ја донесе Димитриевски пред да тргне во правење партија, рече вицепремиерот за економски прашања.

Слични содржини