Национална пливачка федерација: Маленко нема легитимитет да се појавува во јавноста и да говори од името на пливачите и пливачките работници

од Vladimir Zorba
366 прегледи

„Лицето Александар Маленко достави покана до сите спортски федерации, МОК и до медиуми со која ги повикува на заедничка работна средба за ден 09.11.2023 година во хотел Панорамика Скопје, на наводна средба за „Соочување со моменталната ситуација во Олимписките спортови во Македонија и можни санкции од мегународните спортски институции”. Лицето Александар Маленко во оваа покана лажно се преставува како претседател на Пливачка федерација на Македонија и ова не е првпат да се случува“, се вели во денешното соопштение на Националната Пливачка Федерација.

„Согласно Законот за спорт, во секој спорт е дозволено регистрирање на една федерација. Во спортот пливање една и едниствена федерација во РС Македонија која е регистрирана во Централен регистар на РСМ и која има решение за вршење на дејност спорт издадено од Агенција за млади и спорт е Националната Пливачка Федерација на Северна Македониза, седиште Градски Парк бб, Сала КК Работнички Скопје, ЕМБС5134846 и ЕДБ4030996160921. Наводната Пливачка федерација на Македонија на која како претседател се преставува лицето Александар Маленко ниту е регистрирана во Централен регистар на РСМ ниту пак има решение за вршење на дејност спорт. Александар Маленко нема никаков легитимитет да се појавува во јавноста и да говори од името на пливачите и пливачките работници“, истакнуваат од НФП.

Оттаму ја потсетија јавноста за ситуацијата во која Маленко ja оставил Пливачката Федерација додека бил нејзин регуларен и признат Претседател:

• 09.06.2021 одлука 03-51/21 за суспензија на нашиот најдобар пливач во тоа време, Деркоски Филип поради наводно непојавување на допинг тест (ова е отфрлено од страна на Националната Антидопинг агенција која потврди дека Деркоски Филип никогаш не бил повикан на допинг тест)

• Несиплакање на награден фонд во износ од 15.000 американски долари на пливачите учесници на Светскиот куп во далечинско пливање во Охрид 2019 година

• Неисплакање на награден фонд во износ од 20.000 американски долари на пливачите учесници на Светскиот куп во далечинско пливање во Охрид 2021 година

• Неисплакање на котизации за одржување на споменатите маратони вкупно 10.000 евра

• Неисплатени трошоци за делегатите на Европскиот куп во далечинско пливање во Охрид 2021 година

• Драстично нарушување на угледот на федерацијата во меґународни рамки, особено во Европската федерација (LEN / European Aquatics) и во Светската федерација (FINA / World Aquatics), особено после скандалот предизвикан на Европското првенство во Рим, Италија 2022.

• Неисплатени трошоци од организирање на наведените маратони кон угостителски обекти, хотели и слично после што Националната пливачка федерација е задолжена за дополнителни 50.000 евра.

• Неисплатени трошоци кон биохемиски лаборатории за Ковид тестови и слично.

„Ова е само мал дел од проблемите кои ги наследи новото раководство и за кои е избегната суспензија од страна на Светската пливачка федерација и од Европската пливачка федерација. Поради тоа најостро ги демантираме сите наводни покани за работни средби кои произлегуваат од страна на Александар Маленко каде што истиот лажно се претставува како Претседател и за истите ќе биде покренато соодветно обвинение до надлежните институции“, додаваат од Националната пливачка федерација.

Слични содржини