157
Повеќе од 90 отсто од италијанските општини се подложни на лизгање на земјиштето или други природни катастрофи, изјави денеска шефот на националната агенција за цивилна заштита Фабрицио Курцио.
Курцио за италијанскиот весник „Стампа“ изјави дека 94 отсто од општините се изложени на ризик од поплави, лизгање на земјиштето или ерозија на крајбрежјето и дека цела Италија е ризична област.
Тој ова го изјави откако лизгање на земјиштето го опустоши италијанскиот остров Искија, при што загинаа најмалку седум лица.