Вкупно 1798 деца од 12 од 18 години покажале интерес за вакцинирање. Имунизацијата на децатаќе започне во понеделник, 19 јули, соопшти Министерството за здравство.
Вакцинирањето на децата ќе се спроведе во постојните вакцинални пунктови во градот кој го навеле при пријавувањето.
Најголем број пријавени деца и млади има во Скопје и тоа во поликлиниките: „Букурешт“ – 402, „Јане Сандански“ – 287, „Чаир“ – 110 и „Бит Пазар“ – 5.
Во Битола се пријавени 123 деца и млади, во Тетово -112, во Куманово – 88, во Охрид – 84, во Велес – 79, Прилеп – 67, Кавадарци – 54, Гостивар – 53, Струмица -47, Гевгелија – 46, Штип – 45, Струга – 31, Кичево -30, Неготино -20, Ресен – 19, Кочани -17, Вевчани – 13, во Берово 11.
Децата од 12 до 16 години ќе се вакцинираат со Фајзер. Оваа вакцина во моментов е единствена која е дозволена да се користи согласно препораките од внатрешното упатство за оваа категорија деца за оваа возраст.