Над 100 милиони евра странски инвестиции во државава

од Берта Китинска
269 прегледи

Од почетокот на оваа година во Технолошките индустриски развојни зони се потпишани нови договори со вкупен обем на инвестиции од 65 милиони евра, а вкупно на ниво на држава износот на странски инвестиции е над 100 милиони евра, информира на денешната прес-конференција владиниот портпарол Душко Арсовски.

Арсовски потенцира дека според податоците на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони во моментов се водат преговори за над 30 нови инвестициски проекти од постојни и потенцијални инвеститори кои се присутни во државава и кои во наредниот период треба да донесат над 400 милиони евра инвестиции и нови 8.500 работни места.

Слични содржини