90
Турското Министерство за надворешни работи соопшти дека повеќе од 190 лица се убиени.
Турското Министерство за надворешни работи соопшти дека повеќе од 190 лица се убиени и над 1400 се повредени за време на обидот за воен удар во земјата. Над 100 учесници во бунтот биле ликвидирани. Властите уапсија 6000 лица под сомнение дека се поврзани со пучот – меѓу нив има генерали – команданти од различните родови војници и понизок офицерски состав, како и стотици претставници на магистранти и судии.
Турските власти го обвинија исламскиот проповедник Фетхуллах Гулен дека е организатор на воениот удар и побараа од САД , каде што тој живее да го екстрадираат.