Над 1000 пациенти се лекуваат во ковид-центрите, има голем број празни болнички кревети

од Nikola Popovski
364 прегледи

Министерството за здравство соопшти дека вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.085 и има околу 757 празни болнички кревети.

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 22 нови пациенти, а вкупно се лекуваат 468 пациенти.

„Бројот на приеми во ковид – центрите во Скопје во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 290 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Од МЗ велат дека сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка“, стои во соопштението.

Слични содржини