Над 11 илјади македонски државјани аплицирале за бугарски пасош од 2020 до ноември 2023

од Nikola Popovski
273 прегледи

Евидентирано е двојно зголемување на барањата за добивање бугарско државјанство во последните 3 години, покажуваат податоците на бугарското Министерство за правда.

Во 2020 година имало 11.447 барања, во 2021 година – 20.094, во 2022 година – 20.825. Само во 2023 година до 24 ноември биле поднесени 23.439 барања. Во овој период се поднесени вкупно 75.805 барања за државјанство, објави бугарски „БГНЕС“.

Во овој период најмногу барање поднеле македонски државјани.

-Во 2020 година бројот на македонски државјани кои поднеле барање за добивање на бугарско државјанство бил 2.551, во 2021 година – 3.428, во 2022 година – 2.051, а од почетокот на оваа година до 24 ноември овој број изнесува 2.990 лица, стои во објавениот текст на бугарскиот медиум.

На второ место по однос на барањата за бугарско државјанство се Украинците. Најголем скок има кај граѓаните на Турција кои аплицирале за бугарско државјанство.

-Многу кандидати за натурализација поднесуваат фалсификувани и лажни документи, известува тамошното Министерство за правда. Ова се наведува и како главна причина за доцнењето во одлучувањето во врска со апликациите бидејќи Советот за државјанство голем број дополнителни проверки на досиејата на апликантите врз основа на бугарско потекло, со цел да се спречи натурализација на странци со фалсификувани или лажни документи.

Слични содржини