Над 140 загинати во Нигерија: Експлозија на цистерна за гориво предизвика масовна трагедија

од Илинка Илиоска
17 прегледи

Бројот на загинати луѓе во експлозијата што се случи во северниот дел на Нигерија се искачи над 140. Инцидентот се случи кога жителите почнаа да собираат гориво кое истекло од превртена цистерна.

– Речиси 140 луѓе беа ставени во масовна гробница, а останатите беа погребани на друго место, истакна шеф на Националната агенција за управување со вонредни состојби во регионот, рече Нура Абдулахи.

При експлозијата повредени се 50 луѓе и се хоспитализирани. Според полицијата, цистерната, која патувала околу 110 километри од соседната држава Кано, скршнала за да избегне судир со камион во градот Маџија.

„Повеќето од тамошните жители, побрзаа на местото на настанот за да се обидат да го соберат горивото – било за домашни или за комерцијални цели. И за неколку минути, танкерот експлодирал, убивајќи десетици од нив токму таму на самото место“, рече Абдулахи, додавајќи дека властите стравуваат дека бројот на жртви може да се зголеми.

Слични содржини