164
Повеќе од 15 членови на познатото семејство на поранешниот американски претседател Џон Кенеди ќе ја поддржат кандидатурата за реизбор на американскиот претседател Џозеф Бајден.
Со овој потег тие ќе се обидат да ја намалат легитимноста на кандидатурата на Роберт Кенеди Џуниор, син на братот на поранешниот претседател Џон Кенеди, пренесува Ројтерс.
„Можам само да замислам колку би бил ужасен татко ми Роберт Кенеди од неверојатните лаги и однесување на Доналд Трамп“, рече сестрата на Кенеди Џуниор, Кери, додавајќи дека нејзиниот татко се залага за „еднаквост, човекови права и слобода од страв, исто како што тоа го прави денес претседателот Бајден“.