Дирекоторот на Пазарната инспекција, Горан Трајковски излезе со официјални информации за извршени инспекциски надзори после одлуката на Владата за замрзнување на цената на лебот.
-По Одлуката на Владата за замрзнување на цената на лебот до 33 денари и Одлуката за определување обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на стоки извршени се над 300 надзори и издадени се прекршочни платни налози во вредност од 960.000 денари (околу 15595 евра), информира Трајковски.
Директорот на ДПИ исто така посочи во периодот од 27 февруари до 5 март извршени се над 750 надзори на цела територија на Македонија и издадени се над 65 прекршочни платни налози со вредност од над 3 милиони денари.
Со одлуката на Владата од 2-ри март се определува обврска за трговците што претставуваат правни и физички лица, кои се регистрирани за вршење трговска дејност во соодветен регистар согласно закон, како и трговците што претставуваат правни и физички лица регистрирани за вршење производство, кои своите производи ги продаваат на пазарот во сопствени продавници или на други трговци на големо и мало со прехранбени производи, да прибавуваат и/или да продаваат леб бел и полубел (сечен на парчиња или цел).