Над 2600 граѓани аплицирале за ваучери за одмор, денес е последниот ден за јавниот повик

од Nikola Popovski
343 прегледи

Досега над 2.600 лица аплицирале за издавање на потврда-ваучер за користење на средства за организиран одмор на работници со ниски приходи чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето износот од 30.000 денари, соопшти Министерството за економија.

Од таму исто така ги информираат граѓаните дека заклучно со денешниот ден 16 јуни (среда) се затвара јавниот повик.

„Оваа мерка е во рамки на Програмата за домашен туризам за работници со ниски приходи 2021 и предвидува издавање на потврди-ваучери за туризам во вредност од 12.000 денари за лица со ниски примања за да истите ги користат во категоризираните угостителските објекти за сместување (хотели) лоцирани во туристичките центри во Република Северна Македонија кои претходно се пријавени во Министерство за економија.

Според јавниот повик оваа година за реализација на оваа мерка се предвидени 15 милиони денари за вкупно 1.250 ваучери“, стои во соопштението на ресорното министерство.

Право на учество на јавниот повик имаат сите категоризирани угостителски објекти за сместување (хотели) кои се лиценцирани и се во туристичките центри во Република Северна Македонија и туристичките агенции со А Лиценца.

За пријавување на интерес угостителските објекти за сместување (хотели) и туристички агенции со лиценца А до Министерството за економија треба да достават пополнет образец за барање за пријавување на интерес (готов формулар).

Слични содржини