Над 300 лица во изолација во Кумановo, Липково и Старо Нагоричани

од Vladimir Zorba

Според податоците на СВР Куманово во изолација на подрачје на општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане вкупно има 312 лица, соопштија денеска надлежните.

Од нив на подрачјето на Куманово во изолација вкупно се 242 лица од кои 209 се позитивни, а 33 се контакти. СВР Куманово информираше дека во општина Липково во изолација се вкупно 68 лица од кои 60 се позитивни, а осум се контакти.

Во Старо Нагоричане евидентирани се
две позитивни лица.

– Сите лица редовно се контролираат од страна на СВР Куманово, информираат од полицијата.

Зголемен е и бројот на хоспитализирани пациенти со Ковид-19 кои се лекуваат во кумановската болница, соопштија денеска надлежните. Во болницата се лекуваат пациенти со средно тешка клиничка слика, најголем процент жени на возраст од 40 до 70 години.

– На инфективното одделение има 21 пациент, во модуларната 30 лежечки и 20 пациенти се лекуваат на дневна болница. Од овие 51 лежечки пациенти, 42 се на кислородна поддршка. Повеќето се невакцинирани, имаме само пет-шест вакцинирани со поблага клиничка слика кои не се на кислородна поддршка, што значи дека вакцинацијата е клучна во борба против пандемијата, изјави директорката на кумановската болница д-р Снежана Захариева за МИА.

Слични содржини