Над 306.000 деца се родени во Косово за 13 години; 71 од мајките биле над 66 години

Над 306.419 деца се родени во Косово за 13 години, од 1 јануари 2011 година до 4 април 2024 година, објави весникот „Коха Диторе“, повикувајќи се на податоци од Косовската статистичка агенција. Од нив, 160.136 биле момчиња, а 146.283 биле девојчиња.

од Vladimir Zorba
12 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/ТВ Сител

Над 306.419 деца се родени во Косово за 13 години, од 1 јануари 2011 година до 4 април 2024 година, објави весникот „Коха Диторе“, повикувајќи се на податоци од Косовската статистичка агенција. Од нив, 160.136 биле момчиња, а 146.283 биле девојчиња.

Сепак, статистиката не е посветена на децата, туку на мајките на возраст од 15 години и повеќе и го опфаќа овој период поради двата најнови пописи на населението во Косово во 2011 и 2024 година.

Вкупно 165.015 жени се породиле во текот на разгледуваниот период, при што само шест од нив се породиле на 15 години. Шеснаесетгодишни мајки исто така биле 6, 60 биле 17-годишни мајки, а 18-годишни мајки кои се породиле биле вкупно 102.

Според податоците на Агенцијата, помеѓу 2011 и 2024 година, имало и мајки над 50 години, при што максималната возраст на која жената станала мајка во овој период е над 65 години. Вкупно имало 1.537 мајки над 50 години, 31 мајка над 60 години и вкупно 71 жена над 66 години станала мајка.

Слични содржини