Над 36.000 граѓани потпишаа петиција за воведување евтина тарифа на струјата

од Берта Китинска
298 прегледи

Над 36.000 граѓани бараат воведување евтина тарифа на струјата за време на вонредната состојба.


На интернет-петицијата пишува дека задолжителноста на самоизолацијата, подразбира задолжително останување дома во текот на речиси целото деноноќие. Бараме од Владата вонредната состојба да ја искористи преку донесување низа уредби со законска сила за помош на населението преку социјални трансфери. Но, пред да се донесат истите, неопходни се итни мерки кои треба да се донесат веднаш!

Сето ова во ситуација кога граѓаните остануваат без работа поради затворањето на голем дел субјектите од производствените дејности и сите услужни дејности. Сето ова во ситуација кога сосема е за очекување да има семејства без ниту еден вработен во периодот кој престои…
Затоа бараме од владата вонредната состојба да ја искористи преку донесување низа уредби со законска сила за помош на населението преку социјални трансфери. Но, пред да се донесат истите, неопходни се итни мерки кои треба да се донесат веднаш!

Во прв ред тоа е воведување евтина тарифа за струјата во текот на целото деноноќие, а со цел да се спречи негативниот економски ефект на самоизолацијата – зголемени износи на сметките за струја. Сметаме дека оваа мерка може да се донесе веднаш!“

Со оглед на тоа што над 36.000 граѓани ја поддржаа петицијата, сметаме дека сте обврзани оваа иницијатива да ја ставите на разгледување и гласање на првата следна седница на Владата, порачува групата граѓани, организатори на оваа петиција.

Слични содржини