Над 38 % од населението над 65 години примило барем една доза, само вчера аплицирани 10.221 вакцина

од Nikola Popovski
168 прегледи

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 216.453 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 9.974 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 10.221 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 255.259 дози вакцини, а ревакцинирани се 38.806 граѓани, соопштуваат од Министерството за здравство.

Според него, досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 395.776 граѓани.

„ Со последните бројки 45,7 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 38,8 % од населението над 65 години е вакцинирано  со барем една доза вакцина. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица и Охрид. Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат“, велат од МЗ.

Слични содржини