Над 40.000 луѓе тестирани во Австралија, нови случаи има само во Сиднеј

од Nikola Popovski
277 прегледи

Сиднеј има регистрирано најмалку нови случаи на коронавирус во последните неколку дена и овој факт може да го потврди трендот дека неодамнешното појавување на вирусот е под контрола во Австралија.

Во Сиднеј се пријавени 90 нови случаи во последните неколку дена од откривањето на инфекцијата.

Тестирани се околу 44.000 луѓе, а во Австралија, освен во Сиднеј, скоро и да нема нови случаи.

Да потсетиме, австралиските држави и територии вчера започнаа да ги применуваат забраните за влез на жителите на Сиднеј поради зголемувањето на случаите на коронавирус.

Слични содржини