Нови лични карти со новото име на државата и согласно законот за употреба на јазиците ќе добијат над 40 илјади граѓани кои чекаат два месеца бидејќи во Собрание беше заглавен Законот за лични карти кој што опозицијата го блокираше со над 1.500 амандмани.
Од МВР велат дека се чекало неколку месеци додека не се нашло адекватно решение. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовки донесе подзаконски акт за усогласување на Законот за лични карти со Законот за употреба на јазиците и на тој начин може да се продолжи со издавањето лични карти. Од МВР велат дека се чекало неколку месеци додека не пронашле адекватно решение.
„Станува збор за подзаконски акт кој што министерот има право да го донесе соогласно постојниот Закон за лични карти, затоа и се бараше правна и законска солуција за да се изнајде најадекватното решение. Ние немаме тука друга промена освен издавање на лични карти со новото уставно име и согласно Законот за употреба на јазиците. Други промени во решението нема“, велат од МВР.
Во собранието беа предложени измени на Законот за лични карти, но тој е заглавен во поради 1.500 амандмани поднесени од Левица. Левица ги поднесе амандманите поради барањето на Беса во личните карти да стои и етничката припадност.
Старите лични карти на кои сè уште не им е истечен рокот ќе важат до 12 февруари 2024 година.