Над 400 кг дрога запленети во 11 месеци, покажува извештајот на црногорската полиција

Над 400 кг дрога се запленети во Црна Гора во првите 11 месеци од минатата година, а 423 лица се уапсени за кривични дела и прекршоци поврзани со дрога, објави црногорската полициска управа, цитирана од БТА.

од Vladimir Zorba
14 прегледи Фото: Uprava policije Crne Gore

Над 400 кг дрога се запленети во Црна Гора во првите 11 месеци од минатата година, а 423 лица се уапсени за кривични дела и прекршоци поврзани со дрога, објави црногорската полициска управа, цитирана од БТА.

Од 1 јануари до 1 декември 2025 година, на национално ниво се запленети 13.159 растенија марихуана, со потенцијален принос до 3,5 тони. Најчесто конфискувани супстанции биле марихуана, кокаин, хероин и амфетамин, забележа црногорската агенција.

Специјализираниот полициски оддел обработил досиеја за над 40 водечки членови на организирани криминални групи осомничени за шверц на 9,5 тони кокаин и марихуана на меѓународно и транснационално ниво.

Полицијата посочува дека доминира прекуграничното шверцување по воспоставени рути, како и дистрибуцијата преку меѓународни поштенски и курирски пратки и улични дилери. Во текот на изминатата година, се забележани обиди за испорака преку курири и проширување на снабдувањето преку онлајн апликации како што е Viber – методи што ги надополнуваат постојните канали.

Заплените од минатата година се повисоки отколку во претходните периоди. Полициската управа планира да го зајакне надзорот и контролата на границите и во урбаните центри, подобрувајќи го оперативниот и разузнавачкиот капацитет на безбедносните служби за поефикасна превенција и рано откривање на криминални активности.

Акцент ќе се стави и на меѓународната соработка, координацијата меѓу службите и модернизацијата на техничката опрема за борба против злоупотребата на дрога, исто така посочува полицијата.